Русија призна дека подморницата што се запали била на нуклеарен погон

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот за првпат објави дека тајната воена подморница, која пред три дена ја зафати фатален пожар, била на нуклеарен погон, поради што рускиот министер за одбрана мораше да го увери дека нејзиниот нуклеарен реактор е ставен под контрола.

Руските официјални лица се соочија со обвинувања дека се обидувале да ги прикријат деталите за несреќата во која загинаа 14 морнари, додека спроведуваа истражување на морското дно во близина на Арктикот, како што рекоа од Министерството за одбрана.

Министерството соопшти дека инцидентот се случил во понеделникот, но тоа не беше официјално обелоденето до доцна во вторникот, а до четвртокот немаше индикации дали на подморницата имало нуклеарен реактор и покрај интензивниот интерес за тоа прашање од властите во соседна Норвешка.

Путин првпат го објави фактот дека подморницата била на нуклеарен погон за време на состанокот во Кремљ со министерот за одбрана, Сергеј Шоигу, кога го праша каква е состојбата на нуклеарниот реактор по смртоносниот пожар.

„…Нуклеарниот реактор е целосно изолиран и без екипаж. Сите потребни мерки беа преземени од страна на екипажот за заштита на реакторот кој е целосно функционален“, Шојгу му рече на Путин, според преписот од Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави