Search

ОПЕК: Нафтениот пазар да не се користи како средство за напад врз економиите на земјите

Министерот за нафта на Венецуела Мануел Квеведо, кој моментално претседава со Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), остро го осуди американското ембарго наметнато против неговата земја.

– Го креваме гласот пазарот на нафта да не се користи како средство за напад врз економиите на суверените земји, рече Квеведо во обраќањето на 176-тиот редовен состанок на ОПЕК во Виена.

Тој додаде дека ОПЕК одлуките ги донесува имајќи ги предвид интересите на потрошувачите, инвеститорите и производителите на пазарот на нафта.

Треба да знаете
Последни објави