Search

„Вагон за спиење“ – изложба на карикатури на Дарко Дрљевиќ

Од денеска во 12 часот до 8 јули во галерија ОСТЕН ќе се оддржи изложбата „Вагон за спиење – изложба на карикатури“ од светски познатиот карикатурист Дарко Дрљевиќ од Црна Гора.

Дарко Дрљевиќ е роден 1962 г. во Колашин, Црна Гора.

Слободен уметник е од 1997 г. Претседател е на Здружението на карикатуристи на Црна Гора и огранокот на европското Здружение на карикатуристи (ФЕКО Монтенегро). До сега освоил 193 награди на меѓународни натпревари за карикатура. Имал 59 самостални и преку 450 колективни изложби. Учесник е на многу сликарски колонии и колонии на карикатура и вклучен е во антологијата „Познати светски карикатуристи”. Основач е и главен уредник на хумористичниот магазин „Туш” и организатор на првиот Меѓународен фестивал на карикатура Колашин 2007.

Се занимава со карикатура, сликарство, илустрација, графика и со анимиран филм.

Работел за многу црногорски дневни весници: „Побједа”, „Публика”, „Република”, „Дневне новине”, како и магазините „Омладински покрет” (каде ја започнал својата кариера во 1984 г.), „Ошишани јеж”, „Илустрована политика”, „Вечерње новости”, „Блиц” и други. Бил и соработник на многу весници во регионот, како што се Мариборскиот дневен лист „Вечер” итн.

На Меѓународниот фестивал во Земун 2000 г. е прогласен за „Карикатурист на годината” во Србија и Црна Гора. Објавил книга на карикатури и куси раскази во 2010 г.

Добитник е и на Посебна награда за сликарство во Накциван – Азербејџан во 2013 г.

Објавувал карикатури во разни ТВ емисии, а се занимавал и со аматерски театар. На фестивалот на аматерских театри во Бијело Поље за претставата „Конект” освојил Посебна награда за најдобар авторски текст. Преставата се изведувала ширум Црна Гора, како и во Загреб, Пула, Сплит и Зворник.

Во 2018 г., Меѓународниот фестивал во Земун има издадено книга на карикатури на Дарко Дрљевиќ со наслов „Карикатурист гостин” и црногорската заедница во Загреб издала негова Монографија.

Живее и работи во Подгорица како карикатурист-коментатор на порталот РТЦГ и дневниот лист „Побједа”.

Треба да знаете
Последни објави