Search

Казахстан: Евакуација на градот поради експлозии во складиштето за муниција

Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, кој има 44.000 жители, по серијата експлозии во складиштето за муниција, соопшти казахстанското Министерството за одбрана.

Експлозиите од непозната причина се случија во воената база кај Арис, објави „Ројтерс“.

Министерството вели дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат дека 10 лица со повреди биле примени во болницата во Шинмент.

Треба да знаете
Последни објави