Search

Карачиќ испрати последен поздрав: Вардар засекогаш во моето срце

Игор Карачиќ по седум години во Вардар од следната сезона ќе го носи дресот на Кјелце. Тој денеска испрати последен поздрав до Вардар и сите негови навивачи за фантастичните спомени изминатите сезони.

„Големо благодарам до клубот, играчите и највеќе до навивачите, кои беа покрај мене во оваа прекрасна приказна со Вардар! Засекогаш ќе бидете во моето срце“, напиша Карачиќ на „Фејсбук“.

https://www.facebook.com/Karacic.Official/posts/2301901646594847

Претходно, во интервјуто за рускиот ракометен портал „Брз центар“ Карачиќ рече дека, иако се дадени гаранции за силен Вардар и во новата сезона, шампиони се уште не добиле пари.

– Ја сакам Македонија, главниот град Скопје и Вардар. За мене тоа е вториот дом. Тажно е што си одам, но можеби ќе се вратам после три години, по крајот на договорот со Кјелце. Македонците се супер луѓе, љубезни се, паметни и силни. Ќе биде фантастично ако ја завршам кариерата во Скопје. Што се однесува до финансиите, проблемите беа сериозни. Дваесет и еден месец немавме добиено плата. Беше навистина тешко, а на почетокот на сезоната ни беше кажано дека секој може да си оди. Сепак, одлучивме да останеме до крајот на сезоната во обид да ја освоиме Лигата на шампионите. Останатото е историја. Уште чекаме на парите. Ветено ни е дека ќе добиеме до 1-ви семптември. Верувам во Сергеј Самсоненко, тој е голем лидер, изјавил Хрватот.

Треба да знаете
Последни објави