Search

Заменик-министерот за култура Владимир Лазовски на 17. сесија на бордот на Форумот на словенски култури во Љубљана

Заменик-министерот за култура на Република Северна Македонија, Владимир Лазовски денеска и утре учествува на 17. сесија на бордот на министри за култура на земјите-членки на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ во Љубљана, Република Словенија.

Свечената седница на бордот на организацијата, чија цел е соработка и зближување на културата на словенските народи, годинава се одвива под покровителство на претседателот на Владата на Република Словенија, Марјан Шарец. На седницата која помина во знак на одбележувањето на 15 годишнината од основањето на оваа меѓународна фондација, членовите на управниот одбор меѓу другото дискутираa и за иднината на Форумот на словенски култури, за активностите реализирани со поддршка на Форумот, а беше потпишан и Меморандум за зајакнување на меѓукултурниот дијалог и учество на сите словенски земји.

Меѓународната фондација „Форум на словенски култури“е основана во 2004 година на иницијатива на Република Словенија, со цел зближување и стимулирање на културната соработка меѓу словенските држави, како и заедничка афирмација на нивната култура во светот.  Македонија како една од земјите-основачи на Форумот на словенските култури, низ годините континуирано и активно учествува во спроведувањето на повеќе проекти, меѓу кои „100 словенски романи“, традиционалното одбележување на Денот на сесловенските просветители  Кирил и Методиј во седиштето на УНЕСКО, реализацијата на многубројни семинари од областа на музејската дејност…

Во рамки на  Форумот заменик-министерот Лазовски оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои и со министерот за култура на Р. Словенија, Зоран Позниќ и со  директорката на Форумот на словенски култури, Андреа Рихтер.

На средбата со словенечкиот министер  Позниќ  уште еднаш беше потврдена силната поддршка која  Република Словенија и ја дава на Република Северна Македонија во процесот на  евроатланските интеграции, а беше иницирано  и отворање на Културно информативни центри во Љубљана и во Скопје. Двете страни изразија конкретни заложби за започнување на реализација на оваа идеја.

На средбата со директорката на Форумот на словенски култури, Андреа Рихтер пак, стана збор за досегашната и идната соработка и реализацијата на проектите во рамки на Форумот, како за активностите во рамки на одбележувањето на 15 годишнината од основањето на оваа меѓународна фондација.

Треба да знаете
Последни објави