Search

Поранешен зет на Северина ѝ го хакирал мобилниот и ги објавил голите фотографии

Северина Којиќ последните неколку месеци работеше на откривање на тоа кој и го хакирал телефонот и компјутерот од кои се украдени нејзините порно фотографии, кои зимава завршија на сите насловни страници.

Станува збор за компромитирачки фотографии на кои пејачката лежи гола во кревет и во купатило.

Таа истрага успешно заврши и неодамна беше приведено момче за кое се испостави дека е поранешен зет на Северина.

Според сознанијата, тој од порано е познат на органите на ред во Загреб, а Северина и нејзината внука против него поднеле кривична пријава поради сомнеж дека меѓу другото се занимава и со сомнителни работи.

Северина полуде кога дозна дека поранешниот зет ја издал. Тоа момче две години се забавуваше со нејзината внука и се беше во најдобар ред. Меѓутоа неволјите во рајот почнале поради приватните проблеми кои се случувале меѓу семејството Вучковиќ и тој тип. Настана некој куршлус, а тој сите ги држи во рака. Нејзината внука полуде поради се што и се случи бидејќи не можеше да поверува дека момчето би ја издало. Тоа беше голема љубов, се колнеше во него, но го потцени и тој ја искористи првата можност да им покаже дека со него нема шега – рекол извор близок до пејачката

Тој тврди дека Северина на сите начини се обидувала вината да ја натовари на поранешниот свршеник Милан Поповиќ, но тој нема врска со тоа.

Треба да знаете
Последни објави