Search

Актерот Крис Прат се ожени со ќерката на Шварценегер

Познатиот актер Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, правеа свадба по една година врска. Младата двојка викендов се венча на луксузниот имот Сан Исидоро, во Монтесито, Калифорнија.

Свадбената церемонија била интимна со мал број гости.

Крис и Кетрин се свршија во јануари, а среќната вест на „Инстаграм“ ја објави Крис.

„Слатка Кетрин, многу сум среќен дека кажа ‘да’“, напиша тогаш актерот.

Крис претходно беше во брак со актерката Ана Фарис, со која има едно дете. Тие се разведоа пред една година.

Треба да знаете
Последни објави