Search

Трагедија: Девојче искрварило и починало шест дена по операција на крајниците

Седумгодишната Лана Мркаљ починала денеска во Белград, шест дена по операцијата на крајниците. Како тврди семејство на девојчето, интервенција на Институтот за здравствена заштита на мајката и детето “Д-р. Вукен Чупиќ”, била многу тешка, По неколку дена девојчето дома изгубило многу крв, па потоа во Ургентниот центар паднала во кома и починала, пишува Блиц.

Таа ноќ ја чув мојата ќерка како вреска бидејќи внуката се закашлала и почна да лее крв. Набрзо колабираше, а јас ѝ дадов вештачко дишење додека не дојде итната помош. Успеав да ја повратам на кратко, но подоцна дознав дека при транспортот пак изгубила свест, а срцето престанало да и чука. Кога ја примиле во Ургентниот центар ја оживеале со помош на апарати, раскажува дедото на девојчето.

Сепак, според него, крварењето продолжило па морале да направат рез на вратот и да ја пришијат аортата, по што Лена била сместена на интензивна нега.

– Докторите веднаш ни рекоа да не се надеваме премногу, бидејќи после реанимацијата повторно паднала во кома. Повеќето органи ѝ откажале, па ништо повеќе не можеле да направат. Продолжила да дише на апарати, но и понатаму била во кома. Починала 16 и полчаса откако била примена, вели дедото.

Тој раскажа дека операцијата била тешка и траела 90 минути, а лекарот рекол дека зафатот бил многу сложен оти крајниците биле длабоко прилепени за лимфните жлезди па морал долго да ги отстранува. Дошоло до обилно крварење, кое со многу напор било санирано. Хирургот, кој бил од

лисабон им кажал дека никогаш не видел крајници да бидат толку залепени до артеријата.

Треба да знаете
Последни објави