Search

Натпревар по прва помош за основците од Скопје

Градски натпревар по прва помош во категорија подмладок ќе организира денеска Црвен крст на Град Скопје со цел подигање на свеста кај младите за значењето на првата помош во секојдневниот живот.

Ќе има повеќе од 200 учесници – ученици од основните училишта на територија на Град Скопје, стручна служба, судии, манекени, шминкери на повреди, волонтери. Натпреварот ќе се одржува на Водно од 10  до 14 часот.

-Унапредувањето на здравјето и безбедниот живот на луѓето, како и првата помош, имаат централно место во нашата организација и со нив градиме издржан систем за привлекување и оспособување на нашите волонтери, соопшти организаторот на натпреварот. 

Треба да знаете
Последни објави