Search

Генералка на „Јужен булевар“

П „Комунална хигиена”-Скопје во текот на денешниот ден спроведе акција за генерално чистење на скопскиот Јужен булевар.

Со 20 работници на терен, беше извршено рачно и машинско метење и миење на булеварот, а од механизацијата беа употребени две автоцистерни и специјалните комунални возила – патарки и метларки.

Акцијата беше организирана поради зачестените поплаки од страна на граѓаните дека стамбените објекти лоцирани на Јужниот булевар се подложени на загадување и прашина од градежните зафати што се реализираат во овој реон.

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје ја информира јавноста дека според Законот за јавна чистота, градежните фирми се должни да обезбедат отстранување и транспорт на градежниот отпад од градежните локации.

ЈП „Комунална хигиена”-Скопје нема ингеренции да го собира и транспортира овој вид на отпад ниту пак да ја одржува хигиената на приватните градилишта.

Треба да знаете
Последни објави