Search

Очајната домаќинка Марша Крос отворено зборува за ракот на анусот

Актерката од серијата „Очајни домаќинки“, Марша Крос вели дека сака да ја разбие табу-темата со тешката болест која ја имала, за која на многумина им е срам да признаат дека ја имаат. Крос јавно проговори за ракот на анусот и вели дека се надева дека ќе ја разбие стигмата што  ја следи оваа болст.

Во едно свое интервју со познат доктор, Марша ги откри сите детали од својата дијагноза.

„Знам дека постојат луѓе на кои им е срам да зборуваат на оваа тема. Но, нема никаква причина за тоа. Па имаш рак! Не си направил ништо лошо само затоа што си го добил во својот анус. Имаш поголеми проблеми од срамот“, изјави Марша која по дијагнозата вели дека ја очекувале мачни денови.

Марша вели дека доживеала пеколни две недели хемотерапија и шест недели зрачење.  и дека и требало време да ја прифати својата нова реалност и јавно да почне да зборува за својата состојба.

Актерката откри дека и нејзиниот сопруг боледува од рак. Му бил дијагностициран рак на грлото во 2009 година.

Денес Марша има за цел да ги поттикне луѓето да се едуцираат за оваа болест. Докторот вели дека нејзината болест е поврзана со ракот на нејзиниот сопруг, но сега година дена подоцна од нејзината почетна дијагноза, Марша вели дека се чувствува одлично.

Таа  открива дека ѝ било важно да прифати дека има рак и дека и било незгодно на почетокот да го прашува докторот за работи кои ја интересирале.

„Сега се чувствувам нормално, иако се работи за малку поинаков вид на нормалност на која сум навикната пред да добијам рак. Никогаш повеќе нема своето тело да го земам здраво за готово“, изјави Марша.

Треба да знаете
Последни објави