Search

Стефановиќ со потпретседателот на Интерпол за противењето на Србија на членството на Косово

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска во Белград разговараше со Александар Прокопчук, потпретседател на Интерпол и началник на Руското Национално централно биро – Москва, соопштија од Министерството за внатрешни работи во Белград.

Според соопштението, Стефановиќ детално го запознал Прокопчук за причините на протвењето на Србија на приемот на Косово во Интерпол, имајќи предвид дека претставниците на Приштина, повторно упатиле барање за влез во оваа меѓународна полициска организација. -Ова барање е спротивно на основните правила на Интерпол и води кон политизација на оваа професионална полициска организација. Можниот прием би претставувал грубо кршење на меѓународното право и процедурите на Интерпол. Пред се, во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Косово и Метохија е територија на Србија и не може да аплицира за членство во Интерпол, објаснил Стефановиќ.

Тој на средбата изјавил дека ваквото барање е во спротивност со “Кореловата резолуција” усвоена од страна на Генералното собрание на Интерпол на заседанието во Пекинг во 2017 година, каде јасно се наведува дека само земјите членки или набљудувачи на ОН можат да станат членки на Интерпол, што Косово секако не е”.

Стефановиќ го потсетил Прокопчук за исходот од гласањето на последното Генералното собрание на Интерпол во Дубаи, кога беше одбиен приемот на Косово.

-Како може да се очекува приштинските институции да го почитуваат меѓународното право и правилата на Интерпол, кога нивните безбедносни сили ги претепаа претставниците на Обединетите нации, наведе Стефановиќ, мислејќи на минатонеделната акција на апсења на косовската Росу.

Прокопчук ја истакнал добрата полициска соработка помеѓу Србија и Русија, особено во областа на борбата против организираниот криминал, наркотрафингот и тероризмот.

Треба да знаете
Последни објави