Search

Катругалос: Се стремиме да бидеме мост меѓу Европската унија и Русија

Нашиот политички дом е Европската унија, но се стремиме да играме улога на мост меѓу неа и Руската Федерација, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос по средбата со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на 23от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, јави дописничката на МИА од Атина.

Лавров и Катругалос разговарале за билатерални и регионални прашања, за можностите за соработка на политичко и економско ниво, за потребата дополнително да се подобрат иницијативите кои ги зближуваат двата народи и како преку заедничкиот акционен план можат Грција и Руската федерација да станат уште поконкретни во нивната соработка.

-Имавме еден многу суштински разговор, во топла клима, со мојот колега, Министерот за надворешни работи на Русија. Знаете дека нашите земји, традиционално и историски, имаат многу добри односи кои се базираат на заеднички елементи од историјата и културата. И секогаш, нашиот политички дом е Европската унија, но се стремиме да играме улога на мост меѓу неа и Руската Федерација. Покрај тоа, било кој систем на регионална безбедност во Европа што не ја вклучува Русија, не може да има перспектива на успех и стабилност, рече Катругалос по средбата со Лавров.

Треба да знаете
Последни објави