Search

Поради серијата „Чернобил“ драстично зголемен бројот на туристи кои сакаат да ја видат електраната

Успехот на американската телевизиска минисерија во која се зборува за најголемата светска нуклеарна катастрофа во Чернобил, го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната, но и градот на духови во близина на електраната, пишува агенцијата „Ројтерс“.

Една чернобилска туристичка агенција бележи пораст од 40 проценти во резервациите од почетокот на серијата, чиeшето емитување почна во мај и наиде на позитивни критики во јавноста.

Минисеријата прикажува што се случило по експлозијата, операцијата за чистење на подрачјето и истрагата за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави