Search

Отфрлено обвинението против Депардје за силување

Француското обвинителство го отфрли обвинението против актерот Жерар Депардје, обвинет за силување, поради недостиг на докази.

Во соопштението на Обвинителството се наведува дека обвинителите не успеале да ги потврдат наводите од обвинението.

Депардје (70) минатата година беше обвинет за силување од страна на млада француска актерка.

Тој го негираше обвинението.

Франциските медиуми пренесуваат дека таа поднела жалба.

Треба да знаете
Последни објави