Хeнес: Цифрите на Сити за Сане се лудост

 Желбата на Баерн Минхен да го донесе играчот на Сити, Лерој Сане на Алијанц арена, по се изгледа нема да се оствари, а тоа го потврди и претседателот на баварскиот клуб, Ули Хeнес.

-Најмалку треба да платиме за него 80 милиони евра, а целиот трансфер е сложен бидејќи Сане бара плата од 10 милиони евра по сезона. Затоа сум сега скептичен и морам да кажам дека бараните цифри се лудост, изјави претседателот Хeнес.

Тој претходно вети дека Баерн подготвил големи пари за важни засилувања, а во Минхен беше јавна тајна дека баварците го сакаат  Сане во своите редови.  

Дури и Мане изразил желба да се врати во Бундеслигата, односно на Алијанц арена, но по се изгледа единствената пречка се парите што треба да ги плати клубот од Минхен.

Треба да знаете
Последни објави