Лајчак во Тирана: Насилството на протестите стана здодевно, ви штети

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, кој денеска престојува во Тирана, се придружи кон апелите за избегнување насилство на протестите што ги организира обединетата албанска опозиција.

-Насилството за време на протестите што ги оранизира опозицијата стана здодевно. Немирите не треба да го заменат демократскиот ангажман, туку напротив тие ја склучуваат секоја можност за дијалог и секоја шанса да се најде заеднички терен. Сакам отворено да кажам дека продолжувањето на насилни протести ќе им наштети на напорите на Албанија за реформи и несомнено ќе го попречи остварувањето на домашните и меѓународните приоритети,изјави Лајчак.

На заедничката прес конференција со неговиот домаќин, Генц Цакај, Лајчак побара од политичките сили да најдат начин за дијалог, нагласувајќи дека слката за земјата веќе е оштетена.

-Би сакал да истакнам дека силните институции со ефикасен парламент се темелите на демократијата и се од суштинско значење за стабилноста на владеењето на правото. Ги поттикнуваме политичките актери да се вклучат во зајакнувањето на овие институции. Мирни протести се фундаментално право кое треба да се почитува. Разликите треба да се дебатираат во Парламентот од страна на сите претставници, вклучувајќи ја и опозицијата.

Во однос на бојкотот на локалните избори,од страна на опозицијата, тој со оценка дека бојкот на изборите не е решение.

Од своја страна овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, рече дека Владата не се повлекува од спроведувањето на локаланите избори и тие ќе се одржат на 30 јуни и без опозицијата.

-Многу е важно изборите да се одржат на 30-ти јуни, без никакви дискусии, и нема сила која ќе спречи да се одржат, а исто така ќе бидат строго почитувани изборните и уставните календари. Насилството на опозицијата е неприфатливо за сликата што Албанија треба да ја има во моментов на меѓународно ниво и има негативен придонес за квалитетот на реформите што Албанија треба да ги преземе во оваа фаза и во деликатниот момент за отворање на преговорите со ЕУ,изјави Цакај.

Лајчак, чија земја е претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) се сретна и со премиерот Еди Рама и со спикерот на парламентот Грамоз Ручи.

Албанија од јуни идната година ќе претседава со оваа органиизација за што доби едногласна поддршка од земјите членки на ОБСЕ за време на 25-та средба на министерскиот совет на ОБСЕ во Милано што се одржа на почетокот на декември минатата година.Деновиве во Тирана престојуваше и Специјалниот претставник на ОБСЕ, Андреас Нотел за да им помогне на службите на Собранието и Министерството за Европа и надворешни работи за успешно остварување на мисијата на Албанија како претседавач на ОБСЕ.

Треба да знаете
Последни објави