Куфодинас пуштен од болница откако го прекина штрајкот со глад

Еден од првите луѓе на терористичката организација „17 Ноември”, Димитрис Куфодинас, денеска беше пуштен од болница и вратен во затвор во градот Волос каде што издржува 11 доживотни затворски казни, јави дописничката на МИА од Атина.

Куфодинас беше хоспитализиран откако на 2 мај започна штрајк со глад бидејќи надлежниот суд не му го одобри барањето за добивање неколкудневна дозвола за излез од затвор. Штрајкот со глад траеше 21 ден, а го прекина по одлуката на Врховниот суд на Грција, одново да се разгледа неговото барање во судот во Волос.

Денес, 10 дена по прекинати штрајк со глад, беше пуштен од болница и вратен во затвор каде што ќе ја продолжи рехабилитацијата.

Според грчките медиуми, тој и неговото семејство јавно изразиле благодарност до лекарите и медицинскиот персонал од болницата каде што беше хоспитализиран.

Треба да знаете
Последни објави