Вaрдарци полетаа од Келн, плоштадот се полни со навивачи

Ракометарите на Вардар објавија фотографија на „Фејсбук“ од авионот со кој полетаа од Келн. Иако првично беше најавено дека ќе слетаат на скопскиот аеродром во 18 и 50 часот, нивното пристигнување се одложи за во 20 и 30 часот. Но според најновите информации, се очекува вардарци да слетаат околу 21 и 30 часот.

Стотици фанови веќе се пристигнати на аеродромот. И на плоштадот во Скопје веќе се собираат граѓани кои заедно со новокрунисаниот европски шампион ќе ја прослават титулата.

Треба да знаете
Последни објави