Вонредна состојба е прогласена во девет општини и градови во централна и западна Србија, досега се евакуирани 159 луѓе, а водата од поплавените куќи и патишта полека се повлекува, изјавил началникот на Секторот за вонредни состојби Предраг Матиќ, пренесуваат српските медиуми.
Вонредна состојба е прогласена во Краљево, Книч, Ариље, Врњачка Бања, Тутин, Трстеник, Нови Пазар, Лучани и Сремска Митровица.
Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ситуацијата во сите места каде што дошло до излевање на помалите реки се смирува.
„Водата постепено се повлекува, а сега следува исцрпување на водата и создавање на услови во кои луѓето ќе може да се вратат во своите домови“, рекол Матиќ.
Според најавите на метеоролозите, до петок се очекуваат нови обилни врнежи од дожд.