Search

Повик за аплицирање – Конвенција на УНЕСКО за заштита и промоција на диверзитетот на културното изразување

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија, информира за отворениот повик на УНЕСКО и ЕУ, наменет за државите-членки на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и промоција на диверзитетот на културното изразување , за поднесување на апликации до експертското тело за управување со културата во земјите во развој, со цел поддршка на новите регулаторни рамки за зајакнување на културните и креативните индустрии и промовирање на соработката Југ-Југ.

Електронската апликација можете да ја најдете на следнава интернет страна: en.unesco.org/creativity/news/strengthen-your-creative-sectors-unesco-european-union.

Одбележуваме дека за сите дополнителни информации и прашања, можете да се обратите до Секретаријатот на УНЕСКО, на следната интернет адреса: culture-governance@unesco.org

Треба да знаете
Последни објави