Search

Поранешниот претседател на Украина со себе си ја зел опремата од салата за итни состаноци

Соработниците на новиот украински претседател, Володимир Зеленски, обвинуваат дека неговиот претходник, Петро Порошенко, оштетил клучна компјутерска оперма во салата за состаноци кога ја напуштил функцијата.

Новиот претседател на Советот за национална безбедност и одбрана, Олександар Данилјук, изјави дека исчезнала опрема од просториите каде што претседателот држи итни состаноци за националната безбедност.

Данилјук објави видеоснимка на која е прикажана празна просторија со кабли што вират од ѕидовите, а кои претходно биле поврзани со компјутерски монитори. Тој верува дека соработниците на поранешниот претседател ги отстраниле серверите со доверливи информации.

Портпаролот на Порошенко, Свајатослав Цеголко, изјави дека доверливите податоци се наоѓаат во серверите на украинската безбедносна служба и другите безбедносни агенции, а не во просториите за состаноци.

Цеголко рече дека Порошенко од сопствени пари ја изнајмил опремата што се наоѓала тука, па затоа опремата била вратена назад.

Неговата изјава предизвика реакции кај Украинците на социјалните мрежи, кои прашуваат како земјата може да се бори против бунтовниците на исток потпирајќи се на изнајмена компјутерска опрема.

Треба да знаете
Последни објави