Search

Бријаторе: Луѓето во Ферари не разбираат што е Формула 1

Поранешниот шеф на Рено во Формула 1, Флавио Бријаторе го критикуваше Ферари за претставувањето на „скудерија” за време на Гран При на Монако и најмногу за неуспехот на Шарл Леклер во квалификациите.

Французинот заврши на 16-тото место, а ова дополнително ја искомплицира трката во неделата, а на крајот не успеа да ја заврши трката.

– Ферари направи многу грешки, откако го остави својот пилот во боксот. Мислам дека луѓето таму не разбираат што е Формула 1. Се едно како првпат да дошле на патеката во четвртокот. Во моментов, најдобриот тим е оној кој победува. Останатите само зборуваат. Во секоја трка тимовите менуваат гуми, но едни функционираат, други не. Тоа е рулет. Ќе беше убаво да има еден тип гуми за квалификациите, а потоа и за трката, изјави Бријаторе

Треба да знаете
Последни објави