Search

Лондон со предупредување до граѓаните со британско-иранско државјанство

Велика Британија ги советува граѓаните кои имаат двојно, британско-иранско, државјанство да избегнуваат патување во Иран, оценувајќи дека тие се соочуваат со неприфатливо висок ризик да бидат притворени без докази или да бидат предмет на лошо однесување за разлика од државјаните на другите земји.

Во соопштението потпишано од британскиот министер за надворешни работи Џереми Хант се посочува дека „оние кои имаат двојно државјанство се соочуваат со неподнослив ризик од лошо однесување кон нив во случај на посета на Иран”.

„И покрај тоа што Велика Британија во повеќе наврати даваше можност да се реши ова прашање, односот на иранскиот режим се влоши. Бидејќи ги исцрпевме сите други опции, сега морам да упатам совет до сите носители на британско-ианско државјанство да не патуваат во Иран”, се наведува во соопштението.

Според Хант, опасностите со кои се соочуваат вклучуваат произволни притвор и недостаток на пристап до основни законски права, како што беше случајот со Назанин Загари-Ратклиф, која е одвоена од нејзиното семејство од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави