Search

Д-р Стевановиќ: Родени две здрави деца од ХИВ позитивни мајки во Македонија

На чело е на Инфективната клиника во еден од најпроблематичните периоди во земјава кога има епидемија на морбили. Вели дека е тешко да се работи и менаџира работата на Клиниката во услови на епидемија,  кога бројот на заболени е драстично поголем од вообичаено, а компликациите од болеста се многу повеќе и многу потешки. Приватно, за себе вели дека лекарот е секогаш лекар со или без униформа во или вон работното време. Животот покрај професијата и го исполнува животот фотографијата, уметноста, активизмот насочен кон правата и потребите на луѓето што живеаат со ХИВ. Тоа е Милена Стевановиќ, првиот човек на Клиниката за инфективни болести која за 24 инфо, раскажува како е да раководиш со клиниката во ек на епидемија на болест која се појави како резултат на антивакциналните кампањи во државава.

Епидемијата ги потенцира и проблемите со недостатокот на медицински персонал, но и со финансиски средства. Секако, не е прва епидемија со која се соочуваме, колегите имаат искуство со повеќе епидемии, ова  искуство ни овозможи брзо и ефикасно организирање и реорганизирање за ефикасно функционирање во услови на епидемија.  Се разбира неопходно е паралелно да се  менаџираат сите сегменти, човечки ресурси, финансии, просторни капацитети, ефикaсно работење и обезбедување на добар квалитет на здравсвена услуга за пациентите.  Искусни, посветени лекари, медицински сестри, лаборанти и помошен медицински персонал го овозможувааат успешното справување со епидемијата со морбили на ЈЗУ УКлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

– Има ли дневна динамика на пријавување на заболени од морбили?

Законска обврска на секоја здравствена институција е да пријави заразно заболување. Постои организиран систем за пријавувње на овие заболувања во кое спаќа и морбили. Вака собрани системски организирани податоци овозможуваат следење на епидемијата како и согледување и преземање на дополнителни мерки за нејзино сузбивање.

– Колку лица починаа од почетокот на појавата на морбили и колку од нивсе деца?
Од вкупно разболените 1393 заболени од морбили починати се четри деца, сите невакцинирани. Имаше многу голем број на пациенти со тешки компликации од болеста. Вакцинацијата е единствената превенција од Морбили, само со редовното  вакцинирање ќе се спречи развој на нови епидемии.

– Расте ли бројот а ХИВ-позитивни лица последните години и кои се ризичните групи кај нас, колку заболени има?

ХИВ инфекцијата не распознава ризични групи и секој еден со ризично однесување може да биде инфициран со ХИВ. Развојот на ХИВ епидемијата во Северна Република Македонија е постепен но континуиран. Навременото откривање на ХИВ инфекцијата, соодветниот третман и грижата на луѓето што живеат со ХИВ се нај ефикасниот начин за   спречување на ширењето на ХИВ инфекцијата. Токму поради тоа мораме да го промовираме ХИВ тестирањето и да се рашиме од предрасудите за сексуално преносливите инфекции. Вкупниот број на ХИВ заболени лица во Република Северна Македонија е 426.

– Има ли случаи од хив позитивни родители да се роди здраво дете кое не е носител на вирусот?

Досега во Македонија родени се две здрави ХИВ негативни деца од мајки со познат ХИВ позитивен статус. Со соодветниот третман и планирањето на бременоста, мултидисциплинарното следење на пациентката го минимизираат / исклучуваат ризикот од   перенесување на ХИВ инфекцијата на плодот .

– Поради антивакциналните кампањи во земјава се вратија болести кои беа искоренети повеќе децении.Покрај морбилите за што друго се хоспитализираат пацциенти кај вас од болести за кои има вакцини?

Ние сме се соочувале и со епидемија на паротит (заушки) за кои истотака постои редовна вакцинација но секако оваа епидемија на морбили е најголемата во услови кога постои редовна и задолжителна вакцинација.

– Пролет и лето се вообичаени периоди кога се појавуваат стомачни вируси, труења од храна. Препорака ваша за превенција!

Одржувањето на редовната хигиена пред се на рацете но и при чување, транспортирање и потготвување на храната  се главен предуслов за превенција од Гастроинтестинални заболувања.

– Колку ги следиме светските трендови во лекувања на вашата клиника?

Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби работи пред се по протоколите според медицина базирана на докази но без исклучок се следат сите нови трендови за третман и побрза дијагностика преку континуирана едукација на лекарите. ВО рамките на нашите можности воведуваме и нови методи препорачани од светските центри.

– Која е др. Стевановиќ кога не е лекар?
Лекарот е секогаш лекар со или без униформа  во или вон работното време, но ако ме прашувате што ми го исполнува животот покрај професијата тоа некогаш беше фотографијата, уметноста, активизмот насочен кон правата и потребите на луѓето што живеаат со ХИВ, но денеска приоритетот го има за мене најзначајната функција што сум ја имала а тоа е фунцијата на тетка на мојата прекрасна внука, помислта на нејзе и нејзиното присуство ми го разубавуваа денот.

Валентина Ангеловска

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

 

Треба да знаете
Последни објави