Search

ПСЖ за првпат по купувањето од страна на шеиците победи само на еден од седум натпревари

Францускиот фудбалски шампион Пари Сен-Жермен одигра нерешено 1:1 со Ница во натпреварот од 35. круг од Лига 1. Во текот на изминатите седум натпревари во сите натпреварувања парижаните остварија само една победа.

Ова е прв ваков случај откако клубот беше купен од шеиците во 2011 година.

Единствената победа во последните седум натпревари ПСЖ го победи Монако во француското првенство (3:1).

Покрај со Монако и Ница, ПСЖ во Лига 1 играше Стразбур (2:2), Лил (1:5), Нант (2:3) и Монпелје 2:3.

Клубот, исто така, загуби од Рен во финалето на францускиот куп (2:2, на пенали – 5:6).

Треба да знаете
Последни објави