Search

Кијану Ривс ново заштитно лице на Ив Сен Лоран

Еден од најдобрите холивудски актери, Кијану Ривс стана заштитно лице на брендот Ив Сен Лоран и покажа дека новата улога одлично му стои.

На црно-бели фотографии, 54-годишниот глумец, со црна коса и сериозен израз на лицето во одело, изгледа мистериозно и замислено, додека во друг кадар носи очила за сонце.

https://www.instagram.com/p/Bw4CN_0BFXW/?utm_source=ig_embed

Освен во елегантно одело, Ривс се појави во лежерно издание, кожна јакна, фармерки и кошула на туфна. Се работи за реклама за нова кампања есен/зима, 2019/2020.

Многу обожаватели се воодушевени, а најчестите коментари се дека моделот конечно е во согласност со брендот-мажевствен и згоден.

Треба да знаете
Последни објави