Search

Имала болки во желудникот, а лекарите и давале парацетамол- кога сфатиле што е, немала време ниту да се опрости од родителите

Имала болки во желудникот, а лекарите и давале парацетамол- кога сфатиле што е, немала време ниту да се опрости од родителите

Осумнаесетгодишната тинејџерка Ели Волш почина на операционата маса поради компликации кои се јавиле при отстранување на тумор на желудникот. Иако со години чувствувала болки во стомакот, лекарите и препишувале само парацетамол.

-Не бевме свесни колку Ели е болна. Имаше болки во стомакот веќе неколку години, но докторите постојано и препишуваа само парацетамол, вели за „Дејли Мејл“, нејзината мајка Ема Волш.

Ели починала по компликациите кои се случиле за време на операцијата при која требало да и биде отстранет тумор од желудникот.

Лекарите само пет недели претходно воочиле дека туморот е голем, а Ели и нејзините родители тогаш не биле свесни за сериозноста на нејзината ситуација.

Иако операцијата била закажана за 27-ми декември, лекарите во текот на оепрацијата виделе  колкав е туморот, и дека таа би имала само уште неколку месеци живот. Нејзината мајка Ема изјавила дека немала прилика ниту да се опрости од својата ќерка.

-Бев во шок кога ми кажаа, но се виде дека направија се што е во нивна моќ, зијавила таа.

Пред девојката беше вел живот и ветувачка адвокатска акриера, бидејќи веќе почнала да работи како рецепционер во една адвокатска канцеларија.

Треба да знаете
Последни објави