Абрамович не го продава клубот

Роман Абрамович нема намера да го стави на продажба фудбалскиот клуб Челси. Изминатите недели, неколку британски медиуми шпекулираа дека Абрамович за сума од три милијарди евра ќе му го продаде клубот на Даниел Ретклиф.

Абрамович го купи Челси во 2003 година за „само“ 160 милиони фунти. Вложувањата во клубот се исплатија девет години подоцна кога „сините“ ја освоија Лигата на шампионите.

Медиумите, шпекулираа дека Абрамович сака да ја напушти Англија, откако властите одбија да му ја продолжат дозволата за престој, поради што тој мораше да извади израелски пасош.

Треба да знаете
Последни објави