Search

Националистичката партија ЕКРЕ стана дел од Владата на Естонија

Таткото и синот лидери на антиимигрантската Естонска конзервативна партија (ЕКРЕ) денеска се именувани за министер за внатрешни работи и министер за финансии.

Естонскиот премиер Јури Ратас денеска ја претстави својата 15-члена коалициска влада.

Март Хелме од ЕКРЕ е именувам за министер за внатрешни работи, додека неговиот син Мартин стана министер за финансии.

Ратас на почетокот од месецот, кој е лидер на лево ориентираната Партија на центарот постигна изненадувачки договор за коалиција со националистичката и евроскептичка партија ЕКРЕ и со конзервативната партија Татковина.

Силната реторика на ЕКРЕ ја подели Естонија откако партијата првпат влезе во Парламентот во 2015 година. Партијата се залага за укинување на законот со кој се признаваат истополовите граѓански заедници, бараше измени на законот за абортус и силно се спротивстави на квотите на Европска унија за прифаќање на барателите на азил.

Треба да знаете
Последни објави