Search

Алијанса за Албанците реагира на приведувањето на лицата кои поставија големо знаме на Албанија во Охрид

Партијата Алијанса за Албанците со соопштение реаагира на приведување на две лица кои поставија големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, за кои влеат дека биле група посетители Арбреши од Италија. Во продолжение е рекацијата во целост.

„Алијансата за Албанците изразува  загриженост во врска со реакцијата на Секторот за внатрешни работи – Охрид, што според наши информации, двајца членови на групата посетители биле притворени од страна на полицијата. Истакнувањето на албанското национално знаме, според информациите со кои располагаме, не било насочено како провокација против никого, туку било дел од сценографијата на групата игроорци од Културно-уметничкото друштво на Арберешите. Истакнувањето на албанското национално знаме на Самуиловата тврдина претставува ниту законски прекршок ниту опасност за никого, особено кога се знае дека во Северна Македонија, Албанците сочинуваат една третина од населението и се автохтон народ.За нас како Алијансата, загрижува фактот што кога станува збор за Албанците и нивните национални симболи, со жалење можеме да констатираме дека воопшто не се променило логиката и дискриминаторскиот менталитет, што било карактеристично за југословенскиот комунистички систем и истиот тој менталитет продолжува до денес. Алијансата за Албанците смета  дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба и го поткопува имиџот на држава аспирант за членство во НАТО и во ЕУ.“

Треба да знаете
Последни објави