Search

Голема победа за крај: Вардар убедлив против Пик Сегет

Ракометарите на Вардар во фуриозен финиш остварија голема победа од 31:23 против ПИК Сегед, па на реваншот во Унгарија ќе патуваат со предност од осум гола, која би требало да биде доволна за нов пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Во преполната сала „Јане Сандански“ ракометарите на најдобар начин се простија од навивачите откако сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко објави дека се повлекува од „Вардар“ па најголем дел од „вардрци“ највија дека е ова нивен последен натпревар за „црвеноцрните“.

Натпреварот почна изедначено, а Вардар првпат поведе во десеттата минута 4:3, по што за кратко време направија највисока разлика 11:6, но гостите во финишот направија серија од 5-1 и намалија на 12:11. Сепак, полувремето заврши 14:12 за Вардар.

Вториот дел почна изедначено, па гостите стигна до 21:20, но следуваше нова серија по која „црвено-црните“ дојдоа до предност од 25:21. Потоа домашнит ракомтари понесени од публиката изигграа фантастично во финишот и постојано го зголемување водството за конечни 31:23.

Криштопанс и Карачиќ со по осум гола беа најефикасни во составот на Вардар, одличен беше и Скубе со шест погодоци, Милосављев имаше десет одбрани.

Реваншот се игра во Сегед на 5 мај, Вардар ќе брани огромни осум разлика за пласман на завршниот турнир во Келн, каде што ќе биде трета година по ред.

Треба да знаете
Последни објави