Search

Погба ги информирал своите соиграчи дека сака да си оди

Пол Погба споделил пред своите соиграчи во Манчестер Јунајтед дека планира да го напушти клубот ова лето за да оди во Реал Мадрид. Информацијата е на „Екип”, каде се тврди дека „црвените ѓаволи” се одлучиле да не застануваат на патот на Французинот, во случај да добијат поволна за клубот трансферна сума.

На „Олд Трафорд” се одлучиле дека ќе биде подобро сега да се разделат со Погба, чиј договор истекува по две години.

Самиот играч веќе зборувал со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, а преговорите со клубот за неговите лични услови се во напредна фаза.

Евентуален неуспех на Манчестер Јунајтед во битката за топ 4 и неучествувањето во Лигата на шампионите следната сезона, ќе го забрза уште повеќе трансферот на Погба.

Треба да знаете
Последни објави