Франција нема доволно високи дрвја за да го реновира покривот на Нотр Дам

По катастрофалниот пожар што ја погоди катедралата Нотр Дам во понеделникот, францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека катедралата ќе биде обновена во рок од пет години.

Бертран де Фејдо, архитект и потпретседател на Фондацијата за заштита на спомениците, тврди дека покривот на катедралата не може целосно да се обнови бидејќи нема дрвја со таа височина кои растеле во 12 и 13 век кога била изградена катедралата.

Нотр Дам е висок 70 метри.

Треба да знаете
Последни објави