Search

Во Битола второ издание на фестивалот Џез-фактори

Со настап на Молли Тролли Квартет, вечер во Битола ќе почне второтo издание на фестивалот Џез-фактори, културен настан, годинава исполнет со три програмски вечери.

Според програмата, во Битола ќе настапат и Скопје Џез Инк, Лина Авшарреномираните Тони Китановски, Виктор Филиповски и Џоле Грујовски Квартет, Кабадајас и специјалниот гостин Теодосиј Спасов.

-Теодосиј Спасов  е препознатлив како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин. Тоа што го прави уште повеќе популарен се неговите оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови, информираат организаторите на Џез-фактори.

Во рамки на фестивалот, во Битола ќе се одржи и џез-работилницата со наслов Џез фестивалиорганизацијавмрежувањемобилност на артисти, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.

Фестивалот Џез-фактори се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и НУ Народен ТеатарБитола.

Треба да знаете
Последни објави