Таткото на Нејмар ја откри конечната одлука на својот син по сериозниот интерес од Реал Мадрид

Таткото на еден од најдобрите светски фудбалер, Нејмар ја потврди намерата на својот си за следната сезона.

Бразилската супер ѕвезда е предмет на сериозен интерес од страна на Реал Мадрид, а се споменува и интерес од страна на Манчестер Јунајтед.

Сепак, Нејмар Сантош Сениор истакна дека неговиот син планира да си го испочитува договорот кој го има со ПСЖ и со сигурност ќе остане во Париз и следната сезона.

– Фановите може да спијат мирно. Нејмар нема да си замине, не сака да го напушти Пари Сен Жермен затоа што сака да направи разлика на теренот и сака да му помогне на ПСЖ да стигне до некои титули. Трансфер шпекулациите секогаш се дел од фудбалскиот свет, но точно е дека има клубови кои го посакуваат и сонуваат за Нејмар, – заклучи Нејмар Сениор.

Треба да знаете
Последни објави