Мурињо: Сигурен сум дека Смолинг немаше намера да го повреди Меси

Жозе Мурињо се огласи после дуелот во средата помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Каталонците славеа против поранешниот клуб на Мурињо со 1:0, а во центарот на вниманието беше дуелот помеѓу Смолинг и Меси во кој Аргентинецот го извлече подебелиот крај и заврши со оток на носот.

Сепак, Жозе Мурињо смета дека Смолинг немал намера да го повреди фудбалерот на Барселона.

„Таа ситуација помеѓу Смолинг и Меси е нормална и се случува на секој натпревар. Тој е висок играч со долги раце и тоа е тоа. Сигурен сум дека немаше намера да го повреди Меси“, изјави Жозе Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави