Украина ја проширува листата на забранети стоки за увоз од Русија

Украинската влада ги прошири трговските санкции против Руската Федерација со усвојувањето на декрет денеска, пренесува ТАСС.

Според првиот вицепремиер и министер за економски развој и трговија на Украин, Стапан Кубив, членовите на владата гласале во корист на декретот.

Според Министерството за економски развој и трговија на Украина, наметнатото ембарго ги опфаќа формалинот и карбамид-формалдехид, федерите за товарни вагони, електричната опрема за автоматизација на железниците и комуникациските уреди и електрични спроводници за напон над 1.000V.

Покрај тоа, увозот на стаклени садови, вклучувајќи тегли, шишиња за храна и пијалоци, контејнери, и така натаму, исто така е под санкции.

Министерството истакна дека во 2018 година, увозот на стаклени садови од Русија надминал 8 милиони долари, што е речиси двојно повеќе од минатата година.

Треба да знаете
Последни објави