Search

Остра реакција на Амбасадата наТурција до медиумите

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА ДО МЕДИУМИТЕ

Oстро ја осудуваме вестта објавена во дневникот „Вечер“ на денешен ден (10 април) која се очекуваше да ги содржи одговорите на прашањата поставени писмено до нашата Амбасада и која од друга страна вклучувајќи ги лагите со пропагандна цел на институциите на терористичката организација ФЕТО е приложена вон својата цел. Потполно неприфатливо е одвојувањето на место на изразувањата на претставниците на институции кои се барани од страна на судските органи на Република Турција на начин кој всушност му дава легитимитет на постоењето на терористичката организација ФЕТО. Од друга страна исто така го осудуваме и чинот на сликање без претходна дозвола на објектот на Амбасадата и објавувањето на оваа снимка без наша дозвола заедно со невистинитите и лажливи изјави на терористичката организација ФЕТО; воедно и изјавуваме дека ги задржуваме сите наши законски права во овој контекст. Уште еднаш повторуваме дека терористичката организација ФЕТО не претставува закана само за нашата земја, туку и за нашата братска и пријателска земја, Република Северна Македонија. Во оваа прилика потенцираме дека во нашата борба против тероризмот ќе ја продолжиме со одлучност соработката со институциите собеседници во Република Северна Македонија и го подвлекуваме фактот дека во ниеден случај нема да ги земеме во обзир поддржувачите на теротистичката организација.

Треба да знаете
Последни објави