Search

,,Ти во седум бои” – нова престава на Театарска група „Аматер“

Независната Аматерска Театарска група „Аматер“ во соработка со охридските уметници: Емилија Колоска, Ансамбл Билјана, Никола Јосифоски, Евамарија Баткоска, Михаил Талев и Климентина Гилевска ја најавува новата претстава „Ти во седум бои“ во режија на Јован Цветкоски.

,,Ти во седум бои” претставува спој на повеќе различни уметности, актерска игра, музика, танц, поезија, како е адаптација на јавно објавени и авторски дела. Ова ќе биде едно ново поразлично искуство проткаено со доста емоции. Темата на овој спој на уметности и чувства е онаа вечната, љубовта, нејзиното раѓање, созревање, разочарување, уништување, барање надеж за да се продолжи понатаму, нејзиното умирање, па и повторно раѓање.

Преку сите дела на располагање успеавме да составиме едно театарско сценарио кое ќе ја има нишката на концепт на претстава и создадовме приказна со цел и смисла.

Првите две изведби ќе бидат посветени на Јован Стојаноски и Андреј Лаброски, кои на еден начин исто така беа дел од оваа приказна. Премиерно ќе биде изведена на 13 април (сабота) од 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид, на малата сцена, а репризата ќе биде на 14 април (недела) исто така од 20:00 часот во НУЦК „Григор Прличев“, на мала сцена. Картите се веќе пуштени во продажба по цена од 150 денари и може да се набават преку резервација на следните телефонските броеви: 078/413-946, 075/261-016 и
077/724-964.

Насловот на претставата „Ти во седум бои“ е инспириран од истоимениот наслов на расказот „Ти во седум бои“ на Горан Василевски од книгата раскази „Монахот што се плашеше од смртта“.

Треба да знаете
Последни објави