Search

Светот ги крши сите: Некој се враќа силен, а некој се распаѓа на парчиња

Поминаа повеќе од 24 часа од кога македонската јавност за потресе веста за смртта на Билјана Беличанец, глумец во Драмскиот Театар Скопје и поранешен Градоначалник на општина Аеродром.  Јавноста и колегите се едногласни дека цветот кој блескаше на екраните и на сцената во театарот, за жал овена за миг.

Колегите, глумци ја испраќаат Билјана со емотивни пораки во кои доминираат делата која таа ги остава зад себе и пораката дека тие ќе останат да сведочат за големината која таа ја носеше во себе.  Колегите од политичката фела едногласни дека нејзината посветеност за граѓаните на општина Кисела Вода ќе се памети долго.  Енергијата со која таа пристапуваше и ги работеше проектите беше посебна и ќе недостига на многумина.

Причината за смртта сеуште не се потврдени, но голем дел од медиумите објавија дека самоубиство е веројатната причина поради која цветот престанал да цвета.  Тоа уште еднаш и по којзнае кој пат ја наметнува болната тема за нашето општество.  Депресијата и психолошките проблеми се наше секојдневние. Светот ги крши сите: Некој се враќа силен, а некој се распаѓа на парчиња. Општеството за жал се помалку дава поддршка за овие луѓе.  Многу повеќе судиме одколку што помагаме. Стануваме ладни и забораваме на емпатија.

На оваа тема и Венко Адноновски посвети неколку стихови за Беличанец, еден од нив вака е напишан:

Пловеше со нас на сплавот

на очајот, занесот и стравот

од кој секој ден понекој паѓа

во црниот вир, смрта кај се раѓа.

Треба да знаете
Последни објави