Search

Откриена листата на најголемиот макро на српската естрада: Познати водителки и старлети пружале услуги

Откриена листата на најголемиот макро на српската естрада: Познати водителки и старлети пружале услуги

Во лаптопот на Михајло Максимовиќ пронајдени се таблети со имиња на сите клиенти. меѓу кои има и многу познати личности, но и список на старлети, стилистки, правнички и манекенки кои на клиентите им пружале сексуални услуги за пари.

Михајло Максимовиќ од Шабац, кој е повторно уапсен поради сомнение дека елитни проститутки, меѓу кои и познати личности, нудел на богати клиенти, повторно е во центарот на вниманието поради списокот на муштерии кој е пронајден во неговиот компјутер.

Како што пишува Курир.рс повикувајќи се на свој извор, Максимовиќ е уапсен кон крајот на февруари во својот стан во Белград и тогаш на списокот од 300 клиенти пронајдени се имиња на политичар кој со години е на власт, како и на поранешен кошаркар кој се збогатил за време на кариерата во НБА.

Упасен е и братот на Максимовиќ, Душан М. На двајцата им се одземение мобилните телефони, два лаптопи во кои се најдени прецизни евиденции, уредни табели, како за жените кои пружале услуги, така и за клиентите. Во документите кои ги воделе имало наводи за патувањата, хотелите во кои се состанувале, што донекаде и не било изненадување за истражувачите, но и голем шок бил списокот на имиња на клиентите кои ги плаќале старлетите, манекенките, стилистките и другите познати дами. На другата листа имало и добро познат политичар кој е на власт подолго од деценица. Исто така, на списокот имало и име на кошаркар кој ја завршил кариерата, но и понатаму е медиумски активен, пишува Курир.рс

Изворот за Курир.рс наведува дека на списокот има и клиенти криминалци, фудбалери, пилоти, но и платени убијци.

За Максимовиќ работеле дваесетина девојки, меѓу кои и старлетата Милица Живановиќ, позната како Мими Оро, Плејбој зајачицата Божана Вујиновиќ, како и учесничката во реални шоуа Нташа Шавија.

Треба да знаете
Последни објави