Search

Министерството за култура ќе изврши порамнување на платите на вработените

Министерството за култура изврши анализа на потребните средства за нивелација, односно порамнување на платите на вработените во установите од областа на културата по дејности во согласност со постојните колективни договори на ниво на установи, информираат од Министерството за култура.

Од таму велат дека работната група формирана во рамките на Министерството за култура во изминатиот период  ги извршила пресметките за потребните финансиски средства за порамнувањето на платите.

„Во согласност со Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршувањето на изборот за претседател на Република Северна Македонија не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетските средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите  едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови, ниту да се отуѓува државен капитал, ниту да се потпишуваат колективни договори. До завршувањето на претседателските избори не постојат законски предуслови да се заврши постапката за нивелација на платите на вработените во установите од областа на културата“, се вели во соопштението на Министерството

Треба да знаете
Последни објави