Италијански медиум:Ракитиќ се договорил со Јувентус

Иван Ракитиќ (31) по пет години ќе ја напушти Барселона. Тој веќе го одбрал новиот клуб. Иако, челниците на Интер долго време се обидуваат да го донесат Ракитиќ во Милано, тој сепак ќе заврши во Торино, односно во Јувентус.

 Се пишува дека и покрај интересот на Интер и Манчестер Јунајтед, тој се договорил со Јувентус.

Ракитиќ е еден од омилените играчи на тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, меѓутоа конкуренцијата во името на Френки Де Јонг го услови Хрватот на трансфер. Барса за младиот Холанѓанец платија 75 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави