Ердоган смета дека Истанбул не може да се освои со 13.000 гласови повеќе

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека не е можно кандидатот на опозицијата да прогласи победа во Истанбул со 13.000-14.000 гласови повеќе во градот со 10 милиони гласачи.

Претседателот на опозициската Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, рече дека Високиот избирачки одбор, кој се согласи на делумно повторно пребројување на гласовите во Истанбул, отвори процес кој ѝ наштети на безбедноста на гласачките кутии, објави Ројтерс.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган побара пребројување на гласовите во Истанбул во неделата откако нивниот кандидат изгуби.

Киличдароглу рече дека членовите на комисијата треба да биде непристрасни и дека целосното пребројување на гласовите мора да има разумно оправдување.

Тој додаде дека со 92,3 проценти од делумното пребројување на гласовите во Истанбул, кандидатот на неговата партија, Екрем Имамоглу, е во водство со 15.722 гласови.

Во Истанбул, од 39 административни области, гласовите беа пребројувани во 18 административни области.

Во Турција на 1 април се одржаа избори на кои гласачите избираа градоначалници во големите градови, началници на општини и градски или провинциски и општински совети.

Треба да знаете
Последни објави