Еко-акција за чистење на Карпош

Општина Карпош организира еко – акција за чистење на Општината што ќе се одржи на 13 април, сабота, со почеток во 10 часот, на повеќе собирни пунктови.

Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.

Еко – акцијата ќе започне од повеќе собирни пунктови: Кеј на Вардар – под хотел „Александар Палас“, кај фитнес зоната и на бул. Илинден, патеката што води до мостот „Газела“; Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15); Бул. „Партизански одреди“ кај автобуската постојка и пекарата „Мал Одмор“ (спроти Симпо); пред Симпо; кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули); и спроти воените кули, кај трите бели кули. Потоа пред платото на Млечен, ТЦ Лептокарија и Порта Влае (на плоштад „Делфина“).

Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се приклучат кон оваа акција и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави