Во Венецуела е толкава сиромаштија, што луѓето ограбуваат гробови

На најголемиот гроб во Каракас, Кементерио дел Сур, поголем дел од гробовите се ограбени, поради накит, златни заби или дури самите коски од мртовецот. Како што се наведува, тие можат да се продадат за користење во ритуали.

Ожалостени членови на семејствата на починатите, не им преостанува ништо други освен редовно да ги проверуваат гробовите. За нив оваа ситуација е метафора за хаотичната состојба во Венецуела воопшто.

„Доаѓам овде секоја недела или на секои две недели. Чувам стража. Се плашам дека еден ден кога ќе дојдам, нема да ја најдам“ вели Еладиа Бастида во изјава за Би-би-си, чија сопруга починала пред година ипол.

Гробниците кои ограбувачите на гробови ги вандализира, можат да се видат наоколу. Украдените коски се користат во ритуали на локалниот култ Сантериа.

Провалите се случуваат многу често и работниците на грабиштата велат дека не можат да се спречат. Имало грабеж дури и во гробниците на историски личности. Грабежите стигнале до такво ниво, што семејствата почнале да ги обележуваат гробовите со натписи – „ова е ограбено“ за да ги одвратат крадците од повторни кражби во истиот гроб.

Треба да знаете
Последни објави