Search

Јунак на неделата е ова дете за кое зборува цел свет

Јунак на неделата е ова дете за кое зборува цел свет

Дете од Мизорама, во Индија, се обидело да го спаси пилето на својот сосед откако случајно го прегазил со велосипед.

Свесен за вината откако случајно го повредил пилето, детето побрзало во блиската болница со парите што можел да ги собере во очаен обид да му го спаси животот на пилето.

Фотографијата од ова дете на Фејсбук ја објави корисничка по име Санга Сајс, со опис на ситуациајта што се случила.

„Ова мало дете од Мизорама случајно со својот велосипед го прегазил пилето на соседот. Го зел пилето, втрчал во најблиската болница, откако претходно од дома ги зел сита пари што ги имал, побарал помош и ги замолил лекарите да му помогнат да го спаси пилето.

Сликата стана вирална, споделена е повеќе од 90.000 пати, а на неа се гледа детето како во едната рака го држи пилето, а во другата парите. Во коментарите многумина беа воодушевени од добрината и невиноста на детето, но сепак имаше и такви кои го фалеа дека се однесувал одговорно.

Детето подоцна добило и награда во своето училиште поради тоа како постапил.
Треба да знаете
Последни објави