Search

Гвардиола: И кога Фергусон освојуваше трофеи, сите натпревари на Јунајтед не беа фантастични

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, по вечерашната победа над Брајтон рече дека не може секогаш тимот да игра на врвно ниво.

„Граѓаните” го победија Брајтон со минимални 1:0 и се пласираа во финалето на ФА купот.

-Дали верувам дека може да играте 60 натпревари и секој пат да покажувате фантастични резултати? Ниту еден тим не може да го стори тоа. И Сер Алекс Фергусон освојуваше трофеи, но не сите игри на Манчестер јунајтед не беа совршени. Тоа не функционира на тој начин, изјави Гвардиола.

Шпанскиот стручњак додаде дека речиси е невозможно да се освојат четири трофеи.

Сити веќе го освоија Карабао купот, а продолжува да се бори за пехарите во Премиер Лигата, ФА Купот и Лигата на Шампионите.

Треба да знаете
Последни објави